Линкови за пристапност

Тутунарите најавуваат нови протести


Тутунарите најавуваат нови протести
Тутунарите најавуваат нови протести

Во среда навечер, како што јавија медиумите, тунуарите одлучуваат кога и како да го продолжат протестот.

„Протестот го ставаме во мирување, но ќе продолжиме со демонстрација на граѓанска непослушност. Ќе ги повикаме сите партии што не` поддржуваа, да застанат од четврток натаму зад нас со нивното членство, и ќе одиме по улици, ќе продолжиме со граѓанска непослушност, ќе кршиме, ќе бараме парче леб“, изјави Кире Неделковски, претседател на Штрајкувачкиот одбор на тутунарите.

Во среда навечер, како што јавија медиумите, тунуарите одлучуваат кога и како да го продолжат протестот.

Собранието по осум часа расправа заклучи Владата да продолжи со строгата контрола на откупот, а тутунарите да ги употребат сите законски постапки за да си ги заштитат своите права.

„Собранието на РМ му препорача на Минстерството за замјоделие да направи анализа на законите и подзаконските акти од областа на тутунарството, особено во делот на класификација на квалитетот и висината на казнените одредби и до Собранието на РМ да предложи соодветни измени за отстранување на сите евидентирани слабости при откупот“, изјави Силвана Бонева, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа одлука на Собранието беше донесена со гласовите на владеачкото мнозиство додека опезиција бараше да се гарантира откупната цена на тутннот во висина од 192 денари за килограм како и тоа родот да се презема континуирано, во три класи, а исплатата да се врши за седум до десет дена.

Опозиционерите незадовлни од одлуката на Собранието одлучија да го поддржат понатамошниот протест на тутунарите.

XS
SM
MD
LG