Мекдоналдс ја симна Интернет-страницата со упатства за вработените во која хамбургерите и помфритот на синџирот на ресторани за брзо подготвена храна беа претставени како прехранбен избор што не е добар по здравјето.
Во илустрација на таа страница, хамбургерот, помфритот и чашата навидум наполнета со газиран пијалок се обележани како „избор што не е здрав“. Веднаш до нив, сендвичот, салатата и чашата вода се ознанечни како поздрава алтернатива.
Ова предизвика контроверза во јавноста, дека компанијата сама признава дека храната што ја продава не е добра, како и дека ја изгубила врската со реалноста. На пример, страницата на вработените им нуди буџетски план, но тој не ги вклучува трошоците за храна и гориво, според ЦНН.
Мекдоналдс во меѓувреме ја симна страницата. Посетителите ги пречекува порака: “Вршиме привремено одржување за да Ви го понудиме најдоброто можно искуство. Ве молиме за разбирање додека ја надградуваме страницата“.
„Комбинација на фактори не` наведе да извршиме преоценка и побаравме од соработникот што ја одржува страницата да ја симне истата. Линковите со ирелевантни и застарени информации, во комбинација со надворешни групи кои извадија елементи од контекст, доведоа до неоправдано привлекување на внимание и несоодветни коментари“, изјави Лиза Мекомб, портпаролка на Мекдоналдс за САД.
Таа рече и дека компанијата ќе продолжи да дава совети на своите вработени, но преку телефон.