Линкови за пристапност

САД се надеваат на гласање за Либија во ОН


САД се надеваат на гласање за Либија во ОН
САД се надеваат на гласање за Либија во ОН

Резолуцијата до Советот за безбедност е поддржана од Британија, Франција, Либан и Арапската лига

Советот за безбедност на ОН во Њујорк се среќава на дискусија по резолуција која ќе наложи формирање зона за забрана на летови врз Либија, во време кога силите лојални на Моамер Гадафи напредуваат кон бунтовничките упоришта.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон рече дека Вашингтон се надева оти ќе се гласа за резолуцијата не подоцна од четврток. Британија, Франција и Либан го претставија документот со поддршка од Арапската лига.

Некои западни сили вршат притисок за брзо усвојување на резолуција за формирање зона на забранети летови и авторизирање други чекори за поддршка на бунтовниците.

Лесно вооружените и слабо обучените опозициски борци ги загубија заземените позиции од изминатите денови при налетот на армијата на Гадафи, составена од авиони, тенкови и тешко вооружување.

Сепак, некои членки на Советот за безбедност на ОН, вклучувајќи ја Германија и Русија, изразија сомневање за имплементирањето и ефикасност на потенцијалната зона на забрането летање.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун повика на итен прекин на огнот во Либија и истакна дека е „особено загрижен“ за воената ескалација од страна на владините сили во земјата.

XS
SM
MD
LG