Линкови за пристапност

Сојузнички воздушни напади врз силите лојални на Гадафи


Сојузнички воздушни напади врз силите лојални на Гадафи
Сојузнички воздушни напади врз силите лојални на Гадафи

САД велат дека нема да доминираат во коалицијата за спроведување на Зоната на забрането летање во Либија

Западните сили лансираа втора серија напади со проектили врз силите лојални на либискиот лидер Моамар Гадафи во обид да ја одвратат офанзивата против градовите кои се под контрола на бунтовниците.

Американската армија соопшти дека бомбардирањето со проектили од типот Томахавк, како и со воздушните удари значително го намалил капацитетот на против-воздушната одбрана на Гадафи.

Нападите ги изведуваат САД, Британија, Франција и други земји-сојузници со цел да ја заштитат зоната за забрана на летови согласно усвоената резолуција на ОН. Оваа зона има цел да ги заштити либиските цивили од нападите на силите лојални на Гадафи, во обидите да го замолчат едномесечното востание против неговото 42-годишното владеење.

Американски официјални лица јавија дека либискиот лидер не е мета на нападите иако има вест дека административна зграда во областа каде живее Гадафи била оштетена од проектил во неделата.

Американскиот секретар на одбрана Роберт Гејтс рече дека Вашингтон очекува да ја префрли контролата на мисијата во Либија врз коалиционите сили предводени од Франција и Британија или НАТО – во следните денови.

Гејтс рече дека САД ќе бидат членка на коалицијата, но нема да имаат доминантна улога. Тој зборуваше со новинарите кои патуваа со него во Русија, земја која се противи на меѓународни воени напади.

Американскиот претседател Барак Обама денеска за прв пат ќе одговара на прашања од новинари од почетокот на воздушните напади на сојузничките сили за време на заедничката прес-конференција во Чиле.

XS
SM
MD
LG