Линкови за пристапност

Меѓународниот црвен крст бара 26 милиони долари помош за Либија


Меѓународниот црвен крст бара 26 милиони долари помош за Либија
Меѓународниот црвен крст бара 26 милиони долари помош за Либија

Средствата неопходни за над 200.000 лица погодени од кризата во наредните два месеца

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ИЦРЦ) апелираше да се собират речиси 26 милиони долари за помош на повеќе од 200.000 лица погодени од кризата во наредните два месеца.

Во соопштението на ИЦРЦ се вели дека средствата ќе се користат за обезбедување на основни намирници и помош за лица кои се наоѓаат во Либија, како и оние кои се бегалци во соседен Тунис.

Претседателот на ИЦРЦ Џејкоб Келенбергер изјави дека продолжувањето на судирите и воздушните напади во Либија ја налагаат неопходноста хуманитарната агенција да биде подготвена да одговори на потребите на погодените, чиј број најверојатно ќе се зголемува во следните недели.

Американски воени авиони, според официјални лица, веќе пренесуваат хуманитарни намирници во Тунис како дел од меѓународните напори за помош на либиските бегалци. Се очекува американските авиони да помогнат и во евакуацијата на Египќани кои ја преминаа либиско-туниската граница.

Агенцијата на ОН за бегалци извести дека бројот на луѓе кои ја минале границата на Либија со Тунис нагло опаднал затоа што тешко вооружени либиски војници ја обезбедуваат либиската страна на границата.

XS
SM
MD
LG