Линкови за пристапност

Амнести: НАТО одговорен за цивилни жртви во Либија


Групата вели дека НАТО треба да плати компензација на семејствата

Групата за човекови права Амнести Интернешенал вели дека НАТО не платил компензација ниту вистински ги истражил цивилните жртви од воздушните напади врз Либија минатата година.

Амнести јави дека НАТО презел чекори за спречување на цивилни жртви, но дека тоа не го ослободува од одговорноста.

Групата вели дека многу жртви се случиле кога НАТО бомбардирал мети, за кои Амнести вели дека немале армиска ознака.

НАТО соопшти дека длабоко жали за воздушните напади кои завршиле со жртви меѓу невини цивили, но додава дека повеќе нема мандат за било какви активности во Либија. Седуммесечната воздушна кампања во Либија водеше до остранување на долгогодишниот диктатор Моамар Гадафи и неговиот режим.

XS
SM
MD
LG