Линкови за пристапност

Деветмина македонски државјани заминаа од Либија


Деветмина македонски државјани заминаа од Либија
Деветмина македонски државјани заминаа од Либија

Уште 30 се` уште се во пристаништето во Бенгази, а 10 се на аеродромот во Триполи

Деветмина македонски државјани го напуштија хаосот во Либија. Пристигнаа на аеродромот во Софија преку бугарското Министерство за надворешни работи. Наскоро ќе присигнат во Скопје. Од македонското Министерство за надворешни работи велат дека се во добра здравствена состојба.

Но, уште 30 македонски државјани се` уште се во пристаништето во Бенгази, а 10 се на аеродромот во Триполи. За едните се грижат турските власти, а другите се во групата со босански државјани. Едните преку Истанбул, а другите преку Сараево утре или задутре треба да пристигнат дома.

„Сите се во добра здравствена состојба, повредени и малтретирани нема. Поголемиот број се градежни работници ангажирани од хрватски, босански и либиски компании“, вели портпаролот на МНР Борче Стамов.

Евакуацијата, како што велат во Министерството, се одвива во отежнати услови затоа што комуникациите во Либија се целосно или делумно прекинати. МНР е во координација со сите држави од регионот и Италија, како и со нивните кризни штабови.

Засега нема информација дека некои македонски државјани ќе останат во Либија.

XS
SM
MD
LG