Линкови за пристапност

Британија и Франција помагаат на египетските бегалци да ја напуштат Либија


Британија и Франција помагаат на египетските бегалци да ја напуштат Либија
Британија и Франција помагаат на египетските бегалци да ја напуштат Либија

ОН проценуваат дека насилството причинило егзодус на преку 140.000 лица во соседните Тунис и Египет во изминатите 10 дена

Британија и Франција започнаа акција за евакуација на илјадници Египќани од Либија. Британскиот премиер Дејвид Камерун денес изјави дека испратил авиони за спасување на Египќаните кои се затекнати на границата на Либија со Тунис. Франција испратила армиски авиони и бродови за да помогнат на 5-те илјади египетски бегалци да се вратат дома.

Фрегата на канадската морнарица денес треба да замине за Медитеранот, кјако дел од меѓународниот обид за евакуација на странските државјани и пружање на хуманитарна помош.

Европската унија трикратно ќе ја зголеми помошта за бегалците од Либија, на околу 13,8 милиони долари.

Вторникот, Агенцијата за бегалци на ОН (УНЦХР) објави дека насилството во Либија причинило егзодус на над 140.000 луѓе во соседните Тунис и Египет во изминатите 10 дена, како и дека состојбата на туниската граница е критична.

XS
SM
MD
LG