Линкови за пристапност

Лорета Линч стана нов главен обвинител


Прва Афроамериканка на оваа функција

Лорета Линч даде заклетва на функцијата главен обвинтел на САД.

Потпретседателот Џо Бајден раководеше со церемонијата којашто се оддржа во Одделот за правда. Тој рече дека „конечно дојде време оваа жена да положи заклетва“, алудирајќи на шестмесечниот процес за потврдување на функцијата, по партиските несогласувања во врска со нејзината поддршка на извршните наредби на претседателот Барак Обама за имиграциони прашања, и одолговлекувањата предизвикани од други спорни легислативи. Сенатот минатиот четврток го изгласа нејзиното назначување на функцијата. Бајден рече дека Линч е особено квалификувана да ја извршува функцијата.

Линч е прва Афроамериканка на функцијата. Таа ќе го замени Ерик Холдер, којшто беше првиот Афроамериканец на таа позиција.

XS
SM
MD
LG