Линкови за пристапност

Долговечност и со вишок на килограми?


Долговечност и со вишок на килограми?
Долговечност и со вишок на килограми?

Експериментите со глувци на добар пат, но според наулниците потребни најмалку уште пет години

За повеќето луѓе со вишок на килограми, најдобриот пат до долговечноста е преку физичка активност и здрава исхрана. Но, дали е можно еден ден да се живее подолго и без губиток на килограми?

За време на лабараториски експерименти, научниците во здебелени глувци инјектирале лек наречен „Сирт – 1720“. Лекот го продолжил животот за 44% споредено со здебелените глувци кои не го примиле лекот.

Истражувањето го извршила екипа научници од Националниот институт за стареење, на чело со геронтологот Рафаел де Кабо. Тој го истакнува фактот дека

„Сирт – 1720“ ги намалил ризиците поврзани дијабетес како резултат на прекумерна тежина.

Здебелените глувци кои примиле помала доза на „Сирт – 1720“ живееле за 4% подолго од глувците кои не го примиле лекот. Сепак, ниту еден од здебелените глувци не живеел доволно долго како оние со нормална тежина.

Де Кабо вели дека „Сирт – 1720“ го активира протеинот наречен СРТ 1, што е од семејството ензими заедно во живите клетки наречени сиртоини. Тие играат клучна улога во метаболизмот, хемискиот процес неопходен за производство на енергија и одржување во живот.

Корисните ефекти од сиртоинот варираат од една личност до друга, веројатно од генетски причини, велат истражувачите. Тоа може да помогне да се објасни зошто некои луѓе живеат подолго. Во случајот со подебелите глувци, де Кабо вели дека „Сирт – 1720“ навидум бил безбеден и ефикасен во промовирање на долговечноста.

Во тек се други експерименти за тестирање на лекови слични на „Сирт – 1720“, но засега има мешани резултати. Во некои случаи, „Сирт – 1720“ и сличните лекови не го активираат сиртоинот и не произведуваат корисни ефекти како во истражувањето на Де Кабо.

Лекот во последните експерименти го произведе фармацевтската компанија Сиртрис, која сега планира експерименти на луѓето. Според Де Кабо, лекот за долговечноста ќе биде достапен кога Сиртрис ќе ги надмине владините регулаторни пречки.

„Претпоставувам дека ќе имаме нешто конкретно за пет години. Потребно е време од првичното набљудување па се` активирање на молекулите при клиничкото тестирање“ вели геронтологот Рафаел де Кабо.

Истражувањето за корисните ефекти од „Сирт – 1720“ врз глувците е објавено во журналот Сајантифик рипортс.

XS
SM
MD
LG