Американската актерка Линдзи Лохан беше ослободена од затвор откако одлежа 14 дена од 90-дневната казна. 24-годишната актерка веднаш замина на рехабилитирање во Клиника за лекување од зависности.
Нејзината затворска казна е намалена поради добро однесување, како и поради проблемите со преполните затвори во сојузната државата Калифорнија.
Таа одлежа две седмици во женското одделение на затворот и се наоѓаше во изолација поради нејзиниот актерски статус.
Лохан беше осудена на затворска казна поради прекршување на условната казна од 2007-ма за возење во алкохолизирана состојба и поседување на дрога.
Таа стекна популарност уште на 11 години кога настапи во филмот The Parent Trap. Линдзи Лохан е позната и по неодамнешните ролји во Freaky Friday и Mean Girls.