Линкови за пристапност

НАТО по Лисабон: Што понатаму?


НАТО по Лисабон: Што понатаму?
НАТО по Лисабон: Што понатаму?

Претседателот Обама ја зацрта 2014-та како година на целосно заминување од Авганистан

Самитот во Лисабон беше крстопат за Алијансата, заклучија говорниците на конференција во организацијата на Центарот за стратешки и меѓународни истражувања од Вашингтон.

2011-та ќе биде година на транзицијата за НАТО во Aвганистан, кога Алијансата ќе започне да ја префрла одговорноста за безбедноста на авганистанските безбедносни сили, со претходно внимателно разгледување на состојбата, пред евентуални дополнителни чекори за понатамошно повлекување, резимираа американски и странски одбрамбени стручњаци.

Претседателот Обама ја зацрта 2014-та како година на целосно заминување од Авганистан.

Неуспехот и колапсот на Авганистан е пораз за меѓународната заедница, која, пак, нема алтернатива освен да продолжи со задачата за стабилизирање на земјата и зајакнување на демократските капацитети, сметаат учесниците.

Мишел Флорној, која во Пентагон е потсекретарка за политика, во перспективата на проширувањето на Алијансата по самитот во Лисабон не ја спомена Македонија, но затоа вели:

„Вратите остануваат отворени. Не верувам дека некој смета оти Русија има некакво право на вето врз процесот. Се работи за транспарентен процес. Вратите остануваат отворени за сите земји кои ги исполнуваат критериумите“, изјави Флорној.

За односите со Русија, соговорниците истакнаа дека треба да се градат врз база на партнерство, а не соперништво, и се надеваат на поголема вклученост на руски војници во меѓународните мировни мисии.

XS
SM
MD
LG