Линкови за пристапност

Меѓународниот кривичен суд ќе врши истрага за Гадафи


Меѓународниот кривичен суд ќе врши истрага за Гадафи
Меѓународниот кривичен суд ќе врши истрага за Гадафи

Суровата репресија на мирољубивите демонстранти повлекува кривични последици, коментираше Хјуман рајтс воч.

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) најави дека ќе започне истрага за либискиот водач Моамар Гадафи, неговите клучни соработници и некои од неговите синови.

Луис Морено-Окампо денес изјави дека ќе изврши увид во наводите за злосторства против човештвото во пресметката на либиската влада со противвладините демонстранти.

Директорот за правда на Хјуман рајтс воч Ричард Дикер ја поздрави одлуката на МКС до која дојде по налог на Советот за безбедност на ОН. Дикер кажа дека налогот испраќа јасна порака до Гадафи и неговите сили дека суровата репресија на мирољубивите демонстранти повлекува кривични последици.

И други светски тела ја заоструваат реакцијата на либиската криза.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон информираше дека министрите за надворешни работи во Брисел ќе одржат серија состаноци за Либија почнувајќи од 10-ти март.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денес најави дека Алијансата нема намера да интервенира во Либија, но дека планира за сите веројатности. Претходно, Арапската лига отфрли секаква армиска интервенација однадвор, а виши американски лица сигнализираа се` поголема резерва за таквиот потег.

XS
SM
MD
LG