Линкови за пристапност

Лина Хорн почина на 92 годишна возраст


Лина Хорн почина на 92 годишна возраст
Лина Хорн почина на 92 годишна возраст

Позната по нејзината долговечна убавина, таа продолжила да снима се` до 1990-тите

На 16-годишна возраст, легендарната пејачка и актерка Лина Хорн станала член на хорот на Cotton Club, познат ноќен клуб во Харлем, каде црнци изведувале пред бела публика.

Таа станала омилена пејачка во клубовите од 1940-те до 1960-тите изведувајќи музика во разни жанрови. Позната по нејзината долговечна убавина, таа продолжила да снима се` до 1990-тите.

Нејзиниот настап во филмскиот мјузикл во кој играа само Афроамериканци, Stormy Weather, во 1943-та бил вистински триумф. Таа ја отпеала главната тема во мјузиклот што станала нејзин заштитен знак.

Хорн можела да стане голема филмска ѕвезда, но нејзиниот успех бил попречен од расна дискриминација и сегрегација во првата половина од 20-от век во САД.

Кога Хале Бери станала првата црна актерка што добила оскар за најдобра актерка во 2002, таа и` се заблагодари на Лина Хорн.

XS
SM
MD
LG