Линкови за пристапност

Претставено ласерско оружје


Оружјето соборило четири беспилотни летала на тестирањето во крајбрежјето на сојузната држава Калифорнија

Американската компанија од областа на одбраната Рејтеон објави дека произвела ласерско оружје што може да собори авион.

Претставници на Рајтеон на меѓународниот воздухопловен саем во Фарнборо во Британија соопштија дека во соработка со американската морнарица работеле на развивање на оружјето што може да се инсталира на воен брод.

Оружјето соборило четири беспилотни летала на тестирањето во крајбрежјето на сојузната држава Калифорнија, а што го извршила американската морнарица во мај.

Потпретседателот на Рејтеон Мајк Боен вели дека тестирањето претставува голем чекор напред во ласерската технологија.

Американската армија и неколку компании од областа на одбраната со децении се обидуваат да воведат ласерско оружје на бојното поле.

XS
SM
MD
LG