Линкови за пристапност

Далај Лама полни 75 години


Стотици лица се очекува да присуствуваат во бегалскиот камп за Тибетанците кои живеат во егзил во предградие од главниот град на Непал, Катманду

Тибетанците ширум светот го прославуваат 75-от роденден на Далај Лама, духовниот водач на Тибет кој се наоѓа во егзил.

Во градот каде живее во Индија, стотици приврзаници се собраа за роденденските манифестации во негова чест, во кои ќе биде вклучен јавен говор на духовниот лидер.

Говорот ќе биде пренесуван во живо на интернет за неговите следбеници да може да го следат на официјалната интернет-страница на Далај Лама.

Стотици лица се очекува да присуствуваат во бегалскиот камп за Тибетанците кои живеат во егзил во предградие од главниот град на Непал, Катманду.

Разни новински извештаи пренесоа дека некои Тибетанци се приведени од полицијата во Непал или на границата.

Полицијата се обидува да избегне анти-кинески демонстрации иако роденденски прослави нема да бидат забранети.

Далај Лама замина од Тибет во 1959-та по неуспешното востание против кинескиот режим. Тој рече дека не бара независност за Тибет, туку само поголема автономија. Кина го смета за сепаратист.

XS
SM
MD
LG