Линкови за пристапност

Отунбајева: 2.000 убиени во етничкото насилство во Киргистан


ОН проценуваат дека судирот се одразил на до 1 милион луѓе, од кои 400.000 бегалци кои минале во Узбекистан или пак се групираат во близина на границата со оваа земја

Привремената претседателка на Киргистан Роза Отунбајева вели дека до 2.000 лица биле убиени во етничкото насилство во јужниот дел на земјата – 10 пати повеќе од официјалната проценка.

Отунбајева петокот го посети регионот за првпат по судирот меѓу етничките Кигистанци и Узбекистанци што започна на 10-ти јуни во градовите Ош и Џалалабад. Таа изјави дека нејзината влада ќе стори се` што може да го обнови Ош за да се вратат бегалците.

ОН проценуваат дека судирот се одразил на до 1 милион луѓе, од кои 400.000 бегалци кои минале во Узбекистан или пак се групираат во близина на границата со оваа земја.

Американскиот заменик-државен секретар Роберт Блејк разговараше со некои од бегалците при посета на камп и болница на узбекистнската страна на границата. Тој повика на истрага за насилството. „Целосна и транспарентна“ истрага побара и Советот за човекови права на ОН во резолуцијата што ја усвои петокот.

XS
SM
MD
LG