Линкови за пристапност

МКГ: Разговори меѓу Белград и Приштина на највиско ниво и со точно одреден рок


МКГ предлага да се отворат дипломатско-конзуларни претставништа во Пришина и Белград, но не на амбасадорско ниво

Meѓународната кризна група во најновиот извештај по советодавното мислење на Меѓународниот суд за правда за прогласувањето на независност на Косово нуди препораки, но и оптимистички поглед за иднината на односите меѓу Косово и Србија. Групата смета дека постои можнот двете страни да ги решат разликите, да воспостават меѓусебни односи и да ги отстранат пречките меѓу себе за интеграција во ЕУ. Без предуслови и со посредство првенственоо од ЕУ, препорачува МКГ, Србија и Косово треба да отворат разговори за содржајно компромисно решение за меѓусебните односи - колку што е можно побрзо.

МКГ предлага да се отворат дипломатско-конзуларни претставништа во Пришина и Белград, но не на амбасадорско ниво и да се соработува, како и да се осигура безбедност и ефикасно функционирање на косовската канцеларија во Северна Митровица.

Меѓу препораките до ЕУ, владите на поединечни земји –членки, но и и до американската влада се да посредуваат директно меѓу српскиот претседател Борис Тадиќ и косовскиот премиер Хашим Тачи. Разговорите на тоа ниво треба да почнат веднаш и треба да завршат до почетокот на летото 2011-та, препорачува МКГ. Двете страни треба да зададат агенда и ниту едно прашање да не биде однапред исклучено, стои во извештајот.

МКГ препорачува да биде назначен спрецијален пратеник - висок дипломат, кој ќе работи на подготовките за разговорите, вклучувајќи и шатл-дипломатија меѓу Белград и Приштина.

Една од сугестиите е и да се обноват напорите за постигнување на компромис за прашањето за разликите за името меѓу Грција и Македонија, и да се преземат други чекори за изолирање на Македонија и Босна и Херцеговина од евентуелни негативни последици од зближувањето меѓу Белград и Приштина.

XS
SM
MD
LG