Линкови за пристапност

ЕУ ги потврди обвиненијата во случајот со трговија со органи на Косово


ЕУ ги потврди обвиненијата во случајот со трговија со органи на Косово
ЕУ ги потврди обвиненијата во случајот со трговија со органи на Косово

Првоосомничени - поранешен министер за здравство и тројца лекари

Судија од Европската Унија во Косово донесе одлука дека поранешен владин претставник за здравство и уште три лица може да бидат гонети по обвиненија поврзани со случајот за трговија со човечки органи.

Канцеларијата на ЕУ за владеењето на правото на Косово, позната како ЕУЛЕКС, објави дека судијата ги потврдил обвиненијата против поранешниот министер за здравство Илир Речај и други тројца за нелегално вршење медицински дејствија и злоупотреба на службената положба. Но, судијата ги отфрли другите обвинителни точки за трговија со луѓе и организиран криминал.

ЕУ објави дека обвинителството планира да поднесе жалба на одлуката.

Другите тројца обвинети се хирургот Љуфти Дервиши и лекарите Дритон Џилта и Сокол Хајдини.

Во средиштето на обвиненијата е Клиниката Медикус во Пришина, која беше посочена како локација каде се вршеле операциите за вадење човечки органи. Обвинителите тврдат дека сиромашни луѓе од Источна Европа и Централна Азија биле намамувани со лажни ветувања дека ќе добијат многу пари за нивните органи, односно дека примачите на органи би платиле по 140.000 долари.

Косовскиот премиер Хашим Тачи беше обвинет за поврзаност со трговијата со органи.

XS
SM
MD
LG