Линкови за пристапност

Во Косово уапсен осомничен за тероризам врз основа на потерница од САД


Американските власти минатата година обвинија група од осум лица во Северна Каролина по редица точки

Полициската мисија на Европската унија на Косово уапси лице по кое САД издадоа потерница под обвинение за тероризам.

Осомничениот, кого американските власти го идентификуваа како 29-годишниот Бајрам Аслани, бил уапсен четвртокот во Митровица, врз основа на американското барање за испорачување.

Американски федерални обвинители белат дека бараат испорачување на Аслани, исто така познат како Есу Хатаб, за да му се суди во сојузната држава Северна Каролина.

Американските власти минатата година обвинија група од осум лица во Северна Каролина по редица точки, меѓу што и заговор за напад на базата на мариниците Квантико во сојузната држава Вирџинија.

Обвинението објавено четвртокот наведува дека Аслани бил дел од заговорот. Обвинителите тврдат дека тој имал повеќе контакти со групата и барал пари од нејзините членови за да основа база на операции во Косово.

XS
SM
MD
LG