Линкови за пристапност

Нови тензии на Корејскиот полуостров


Нови тензии на Корејскиот полуостров
Нови тензии на Корејскиот полуостров

Јужна Кореја објави лансирање на борбени авиони за одвраќање на „агресијата од Северна Кореја“, во време на одржување на воени вежби на островот што беше место на конфликт на двете земји минатиот месец

94-минутната вежба заврши во понеделник попладне без одговор од Северна Кореја, која се закани со „катастрофални последици ако Јужна Кореја продолжи со вежбите“. Јужна Кореја нареди жителите од островот да се засолнат како мерка на претпазливост.

Во Њујорк, Советот за безбедност на ОН неколку часа расправеше во неделата, но членките не постигнаа согласност за текстот од резолуцијата во кој требаше да се повикаат двете Кореи на „исклучителна воздржаност“.

Ова го објави рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин, кој рече дека жали што дискусиите на дипломатско ниво не дале резултат во обидот да се надминат разликите во ставовите.

Американската амбасадорка во ОН, Сузан Рајс, изјави дека повеќето членки сакале да изразат остра осуда на двата напади од Северна Кореја врз соседот, но дека неколку земји, вклучувајќи ја Кина, најблискиот сојузник на Северна Кореја, не се согласиле со предложениот текст во резолуцијата:

„Мнозинството членки во Советот за безбедност јасно ставија до знаење дека е важно да се осудат настаните од 23-ти ноември и нападот од Северна Кореја врз јужнокорејскиот остров. Сепак, не беше постигнат консензус, и може да се предвиде дека веројатно нема да бидат надминати разликите“, истакна Сузан Рајс.

Таа го повтори ставот на Вашингтон дека Јужна Кореја има право да изведува воени вежби во Жолтото море.

XS
SM
MD
LG