Линкови за пристапност

Родман апелира до Ким


Бившиот кошаркар Денис Родман повика на ослободување на американски државјанин

Пензионираната кошаркарска ѕвезда Денис Родман, чија неодамнешната ненајавена средба со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун беше на насловните страници по светските медиуми, повика на ослободување на американски државјанин кој се наоѓа во Пјонгјанг.

51-годишниот Родман преку Твитер упати личен апел до Ким: „Го повикувам Врховниот лидер на Северна Кореја или како што го викам „Ким“, да ми направи услуга и да го ослободи Кенет Баи!“.

Баи кој влегол во Северна Кореја во ноември како турист беше осуден на 15 години тешка физичка работа откако минатата недела судот го обвини за неодредени криминални акти против државата.

Белата куќа бараше итно ослободување на Баи велејќи дека судскиот процес против него не бил транспарентен. Тој е шести Американец приведен во Северна Кореја од 2009-та. Сите се ослободени пред да одлежат целосна казна затвор.

Родман по престојот во Северна Кореја го окарактеризира младиот лидер како „доживотен пријател“ и подоцна го ословуваше како „добро момче“.
XS
SM
MD
LG