Линкови за пристапност

Жестока реторика меѓу Северна Кореја и САД пред АСЕАН


Пјонгјанг смета дека американско-јужнокорејската воена вежба во недела е голема закана, а Вашингтон бара одговорност за потопувањето на севернокорејски брод

Северна Кореја и САД разменија жестока реторика пред средбата на Здружението на јужноазиски земји АСЕАН што ќе се одржи петокот во Ханој.

Лидерите на АСЕАН најавија дека ќе извршат притисок за продолжување на шестраните разговори за нуклеарната програма на Северна Кореја.

Па сепак, четвртокот уследи жестока реторика откако САД воведоа нова рунда санкции против режимот во Пјонгјанг. Севернкорејскиот портпарол Ри Тонг-ил ги осуди санкциите и планираната американско-јужнокорејска воена вежба во близина на Корејскиот Полуостров, велејќи дека ќе претставува „голема закана“ по безбедноста на целиот регион.

Американскито секретар за одбрана Роберт Гејтс реагираше на овој коментар од Џакарта, повторно обвинувајќи ја Северна Кореја дека го потопила јужнокорејскиот воен брод Чеонан во март годинава, при што загинаа 46 морнари.

XS
SM
MD
LG