Линкови за пристапност

Коморовски - нов претседател на Полска


Коморовски - нов претседател на Полска
Коморовски - нов претседател на Полска

Кажински му честиташе на Коморовски откако двa одделни извори покажаа водство на вршителот на должност претседател

Нецелосните резултати по вториот круг претседателски избори во Полска покажаа дека умерениот преоден претседател Бронислав Коморовски гo порази конзервативецот Јарослав Кажински, кој веќе го призна поразот.

Официјални резултати базирани на 95 проценти од гласачките места покажаа дека Коморовски освоил 52, 6 проценти од гласовите, а целосните резултати се очекуваат нешто подоцна во текот на денот.

Кажински му честиташе на Коморовски откако двa одделни извори покажаа водство на вршителот на должност претседател.

Во говор во саботата, Коморовски рече дека самиот факт што резултатите се тесни, гласањето го нарече триумф на демократијата. На приврзаниците им рече дека кампањата била тешка по трагедијата што ја погоди оваа нација.

Коморовски стана привремен претседател во април кога претседателот Лех Кажински, близнакот на Јарослав Кажински, загина во авионска несреќа во Русија.

XS
SM
MD
LG