Линкови за пристапност

Патриот, вистински државник


Патриот, вистински државник
Патриот, вистински државник

Американски реакции на смртта на Киро Глигоров.

Длабоко сум ужалена поради починувањето на Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македoнија“, вели американската државна секретарка Хилари Клинтон во доцна синоќа издаденото соопштение од Стејт департментот. „Глигоров беше патриот и вистински државник“, подвлекува Клинтон.

Стејт департментот ја наведува заложбата на Глигоров за независна Македонија што доведе до мирна транзиција, а неговото лидерство го оценува како стабилно и инспирација во време кога земјата преброди огромни потешкотии.

„Претседателот Глигоров беше пријател на САД и лидер кој имаше визија за својата земја што се` уште служи како пример за Македонија и за регионот. Во мислите и молитвите сум со неговорот семејството и сите граѓани на Македонија“, вели Клинтон.

Гласот на Америка на македонски, пак, се сеќава на првиот претседател на независна Македонија како еден од првите кои дадоа интервју за нашата редакција и честитаа на нејзиното отворање.

За Глигоров, вклучувањето на македонскиот во јазиците на кои емитува Гласот на Америка, „претставува можност за нашиот јазик, еден од основните белези на нашиот идентитет, да биде чуен многу пошироко од границите на нашата земја“, како што стои во писмото што ни го испрати во јануари 1999-та.

Во интервјуто на маргините на Самитот на НАТО во Вашингтон истата година, Глигоров ја истакна евроатлантската ориентација на Македонија: “Во начело, ја поддржуваме политиката која НАТО ја прогласи, а и сега ја потврди овдека, за отворени врати за проширување на НАТО во иднината“.

Македонија, како дел од Партнерството на мир и по лобирање на делегацијата на чело со Глигоров, тогаш за првпат се споменува во завршното коминике на Самитот како дел од агендата на НАТО, но Глигоров, помалку визионерски, во истото интервју коментира: „Таму сме спомнати сите заедно, во еден параграф, но кој, кога и под кои услови ќе дојде на дневен ред – тоа не јасно“.

XS
SM
MD
LG