Линкови за пристапност

На слобода преку донирање на бубрег!


На слобода преку донирање на бубрег!
На слобода преку донирање на бубрег!

Неколку групи на граѓани потпишаа петиција до Барбур за ослободување на сестрите, истакнувајќи дека нивните казни се престроги

Гувернерот на сојузнава држава Мисисипи Хејли Барбур ги укина затворските казни за две сестри со цел едната да и` донира бубрег на другата која е на секојдневна дијализа.

Џејми и Глејди Скот отслужуват 16 годишна казна затвор за учество во вооружен гребеж во 1993-та година, во кој одзеле само 11 долари! Тие немаа право да побараат намалување на затворската казна се` до 2014-та.

Неколку групи на граѓани потпишаа петиција до Барбур за ослободување на сестрите, истакнувајќи дека нивните казни се престроги.

Се очекува сестрите да бидат префрлени во Флорида, каде се наоѓаат нивните семејства. Точниот датум на ослободување се` уште не е познат.

XS
SM
MD
LG