Линкови за пристапност

Кери од Русија во Италија


Кери пристигна во Италија од Москва каде неговите разговори со руските официјални лица беа фокусирани на состојбата во Сирија

Американскиот државен секретар Џон Кери се среќава со израелски официјални лица во Рим, каде ќе има разговори со министерот за правда Ѕипи Ливни и јорданскиот министер за надворешните работи Насер Јудех.

Тој пристигна во Италија од Москва каде неговите разговори со руските официјални лица беа фокусирани на состојбата во Сирија.

Кери постави венец на Гробот на незнајниот јунак во Москва пред да има разговори со рускиот претседател Владимир Путин. Тој изјави дека и САД и Русија сакаат мирољубива транзиција на власта во Сирија.

Рускиот колега на Кери, Сергеј Лавров, оцени дека голем број Сиријци стравуваат дека смената на режимот може да и` даде моќ на една политичка партија за сметка на другите.

Кери истакна дека сириската опозициона коалиција потпишала декларација минатиот месец во Истанбул, залагајќи се за изградба на демократско општество базирано врз принципите на еднаквост на сите граѓани. Во декларацијата се осудуваат сите форми на екстремизам и тероризам.

Кери во вторникот пристигна во Москва на разговори на високо ниво со официјални лица во Русија, која важи за моќен сојузник на владата на претседателот Башар ал Асад.
XS
SM
MD
LG