Американскиот претседател Барак Обама награди пет ветерани од забавната индустрија на годишната манифестација во Центарот Кенеди во во Вашингтон.
Носители на престижното признание годинава се кантри-музичарот Мерли Хагард, британскиот рок-музичар Пол Мекартни, композиторот и текстописец Џери Херман, кореографот Бил Џонс и телевизиската водителка Опра Винфри.
Обама рече дека наградените поседуваат огромно количество на талент и дека на нацијата и` дале огромен уметнички подарок.
Наградата се доделува за уметнички белег врз американската култура. Иако музичарот Мекартни е Британец, наградата ја доби за влијанието што како член на Битлс, но и подоцна како самостоен уметник го изврши врз американската популарна музика.