Њујорк тајмс тврди дека помошник на авганистанскиот претседател, кој е под истрага за корупција, бил на платен список на ЦИА.
Во написот се цитираат неименувани авганистански и американски претставници дека членот на Националниот совет за безбедност Зиа Салехи, навидум примал пари повеќе години.
Весникот наведува дека не е познато дали Салехи бил плаќан за информација или за наметнување на американските ставови во администрацијата на претседателот Хамид Карзаи, или пак за обете. Салехи не коментираше на тврдењето.