Линкови за пристапност

Руско-авганистанска акција против производството на дрога во Авганистан


Руско-авганистанска акција против производството на дрога во Авганистан
Руско-авганистанска акција против производството на дрога во Авганистан

Руски и американски официјални лица ги објавија рациите што биле изведени во близина на границата со Пакистан

За прв пат, руски и американски специјални безбедносни сили зедоа учество во заедничка операција за уништување на лабаратории за производство на дрога во Авганистан.

Руски и американски официјални лица ги објавија рациите што биле изведени во близина на границата со Пакистан.

Шефот на руските единици за борба против наркотици, Виктор Иванов, кои беа придружувани од авганистански официјални лица уништија три лабаратории за хероин и една за морфиум.

Тој процени дека е направена штета од една милијарда долари на авганистанската илегална индустрија со наркотици.

Претходно, рускиот заменик-премиер Сергеј Иванов рече дека авганистанската трговија со дрога претставува закана по светскиот мир и безбедност.

Се верува дека со трговија на илегалните наркотици се финансира Талебан и други милитанти групи.

XS
SM
MD
LG