Линкови за пристапност

Авганистан: затворени 900 избирачки места од безбедносни причини


Безбедноста е најголема грижа за повеќе од 2500 кандидати кои се во трката за место до долниот дом на Парламентот

Авганистанската изборна комисија јави дека повеќе од 900 избирачки места нема да бидат отворени за време на претстојните парламентарни избори од безбедносни причини.

Официјални лица пренесоа дека избирачките единици, во најголем дел во јужниот и источниот дел од земјата, ќе останат затворени на 18-ти септември, затоа што се наоѓаат во области кои се водат како премногу опасни. Изборната комисија првично планираше да отвори 6835 избирачки места.

Безбедноста е најголема грижа за повеќе од 2500 кандидати кои се во трката за место до долниот дом на Парламентот.

Во средата, заменикот-министер за надворешни работи Мунир Мангал, рече дека владата почнала да регрутира илјадници селани како дел од локалните полициски сили да се справат со талебанските напади.

Во меѓувреме во источен Авганистан, стотици демонстранти го блокираа главниот автопат во провинцијата Нангахар и протестираа против убиството на двајца цивили од страна на НАТО.

XS
SM
MD
LG