Американскиот Сенат го потврди генералот Џејмс Матис на позицијата нов шеф на американската Централна команда, која ги надгледува воените операции ширум Блискиот исток, вклучувајќи ги војните во Ирак и во Авганистан.
Матис, генерал со четири ѕвезди, го замени Дејвид Петресус, кој ја презеде командата врз силите на САД и НАТО во Авганистан во јуни.
Петреус, пак, го замени генералот Стенли Мекристал, кој беше принуден да се повлече по омаловажувачките коментари за цивилното раководство на САД во интервју за напис во списание.