Американскиот сенатор Џон Мекејн рече дека се надева оти договорот за стратешко партнерство со Авганистан може да биде финализирано пред самитот на НАТО во мај, но оти САД нема да ги решат чувствителните прашања на начин со кој припадните на американските вооружени сили би биле ставени во ризик.
Мекејн предводи група од пет сенатори на разговори во Кабул со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.
Канцеларијата на претседателот Карзаи се залага за префрлање на одговорноста врз авганистанска контрола и ја подвлече неопходноста од ставање крај на ноќните рации од американските војници. Тој рече дека тие прашања се од „голема важност“ за авганистанскиот народ.
Сенаторот Мекејн го бранеше ставот дека рации во ноќните часови се важни за безбедноста на американските војници.
Тој предупреди дека одржување мировни разговори со Талебан ќе бидат потешки заради планираното повлекување на меѓународните сили до крајот на 2014-та.