Линкови за пристапност

Синот на потпретседателот Бајден отпуштен од Морнарицата


Според извори блиски на ситуацијата Хантер Бајден покажал позитивен резултат на тестот за користење кокаин

Синот на американскиот потпретседател Џо Бајден е расчинет од армијата, наводно откако покажал тестиран како позитивен за користење кокаин.

Медумските извештаи пренесоа дека Хантер Бајден минатиот јуни не го минал тестот за дрога.

Резервист во морнарицата, каде Бајден бил офицер во одделот за односи со јавноста, потврдил дека расчинувањето се случило во февруари, иако не била објавена причината.

Во соопштение, 44-годишниот Бајден вели дека длабоко жали и дека се срами од своето однесување, но дека ја почитува одлуката на Морнарицата.

Канцеларијата на потпретседателот Бајден не се огласи за случајот со неговиот син, за кој што прв пат објави Вол Стрит Журнал.

Бајден е помлад офицер по ранг на заставник и поранешен лобист кој што исто така работи во приватна компанија.

Тој е помлад брат од Бају Бајден, кој е државен обвинител во сојузната држава Делавер.

XS
SM
MD
LG