Линкови за пристапност

Картер: Северна Кореја нуди безусловни разговори


Картер: Северна Кореја нуди безусловни разговори
Картер: Северна Кореја нуди безусловни разговори

Сепак, нема да се откаже од нуклеарната програма без безбедносни гаранции од Вашингтон

Северна Кореја предложила безусловни преговори со Јужна Кореја и САД за нејзината нуклеарна програма, соопшти поранешниот американски претседател Џими Картер.

Картер рече дека дека официјален Пјонгјанг е подготвен да изрази длабоко жалење за двата воени напада во кои загинаа 50 Јужнокорејци минатата година, но не верува дека ќе признае вина за нападите.

Поранешниот американски претседател рече дека понудата дошла во форма на порака од севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ил, која тој и уште четворица светски лидери ја примиле за време на тридневниот престој во Пјонгјанг.

Картер во Сеул денес изјави дека делегација не се сретнала лице-в-лице со севернокорејскиот водач, туку дека пораката и` ја пренеле виши официјални лица. Ким Џонг-ил предложил самит со јужнокорејскиот претседател, и најавил дека е подготвен на разговори со Сеул и Вашингтон „за какво и да е прашање, во кое и да е време, без никаков предуслов“.

Сепак, Картер во блог од Пјонгјанг пишува дека Северна Кореја јасно ставила до знаење дека нема да се откаже од нуклеарната програма без некаков вид на безбедносни гаранции од Вашингтон.

Претходните обиди за отворен дијалог меѓу Северна и Јужна Кореја пропаднаа поради инсистирањето на Сеул дека Пјонгјанг најпрвин треба да прифати одговорност за потопувањето на воен јужнокорејски брод пред една година, како и за артилерискиот напад врз јужнокорејски остров.

XS
SM
MD
LG