Поранешниот американски сенатор Џим Веб се кандидира за претседател, станувајќи четврти демократ како конкуренција на Хилари Клинтон за номинација.
Веб ја претставуваше Вирџинија во американскиот Сенат од 2007 до 2013. Кандидатурата ја објави на Интернет на неговата веб-страница.
Веб е одликуван виетнамски ветеран и е познат по критиката на надворешната политика и воената стратегија на САД, како и по поддршката на трупите кои служат во странство.
Тој кажа дека фокус на неговата кампања ќе биде реформа на националната одбрана, правосудството и економски прашања во корист на средната класа.