Патнички авион на компанијата ЏетБлу вчера мораше веднаш по полетувањето да се врати на аеродромот во Лонг Бич во сојузната држава Калифорнија, откако се слушнал силен звук од еден од моторите и се појавил чад во кабината.
Еден од 142-та патника во авионот бил актерот Џексон Ратбоун од популарниот филм „Самрак“.
„Ни рекоа да се подготвиме за принудно слетување откако нагло завртивме и почнавме да се спуштаме. Се молев и ги држев сопругата и синот во рацете“, објави Ратбоун на Интернет.
Авионот слетал без поголеми проблеми, по што патниците беа евакуирани. ЏетБлу соопшти дека ја истражува причината за проблемот со моторот.