Јеменското воздухпловство ја зајакна безбедноста на сите аеродроми по откривањето на заговор за испраќање на бомби по пошта во САД. Комисијата за безбедност во воздухопловниот сообраќај соопшти и дека извршила коренити промени во проверката на сите пратки.
Властите наведуваат дека пратките откриени минатата недела, што биле адресирани до синагоги во САД, можеби биле направени така да експлодираат додека се пренесуваат во товарни авиони.
Јеменските власти се во потрага по осомничениот кого американски претставници го идентификуваа како Ибрахим Хасан ал-Асири од јеменската филијала на Ал-Каида.
Советникот за контратероризам на американската влада Џон Бренан вели дека анализа на судски вештаци укажува дека лицето зад овој заговор исто така ја направило експлозивната направа во неуспешниот напад во патнички авион на пат за Детроит минатиот декември. Бренан информираше и дека американски истражни лица ги преиспитуваат причините за уривањето на товарен авион на компанијата Ју-Пи-Ес во септември. Истражни лица од Обединетите Арапски Емирати, пак, наведуваат дека нема докази дека авионот се срушил поради експлозија.