Линкови за пристапност

Хирошима одбележа 65 години од атомската бомба


Церемонијата започна утрината во петок во Хирошима со звук на ѕвона и пуштање гулаби

Јапонија одбележува 65-годишнина од првиот напад со атомска бомба во светот, а САД и други големи нуклеарни сили присуствуваат за прв пат на комеморацијата.

Церемонијата започна утрината во петок во Хирошима со звук на ѕвона и пуштање гулаби.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун е меѓу бројните гости кои зборуваа на церемонијата, со што стана прв шеф на ОН што учествувал на годишниот настан. Бан Ки Мун повика на уништување на нуклеарното оружје, со што ја повтори вчерашната заложбата во Нагасаки, град што беше мета на вториот американски напад со атомска бомба.

САД ги претставуваше амбасадорот во Јапонија, Џон Рос, кој не се обрати пред присутните. Американската амбасада во Јапонија објави соопштение во кое стои дека Рос присуствувал со цел да изрази почит спрема „сите жртви“ од војната.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон рече дека било „соодветно“ Рос да присуствува на комеморативниот настан, затоа што претседателот Барак Обама се залага за свет без нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG