Линкови за пристапност

Економистите предвидуваат задржување на ниските каматни стапки во САД


Во Вашингтон се собираат врвни претставници на американската Централна банка за дводневен состанок

Врвни претставници на американската Централна банка во Вашингтон на дводневна средба ќе разгледаат колку брзо и за колку да ги зголемат клучните каматни стапки.

Повеќето економисти предвидуваат дека американските федерални резерви ќе ги задржат каматните стапки на рекорно ниско ниво во кое се` наоѓаат уште од 2008-ма, кога официјални лица се обидоа да ја олеснат ударот од финансиската криза со стимулирање на економијата преку ефтини заеми. Многу експерти сега велат дека лидерите на федералните резерви најверојатно ќе се договорат за прво зголемување на каматните стапки по подолг период на состанокот во септември и ќе се заложат за нивен постепен раст.

Претседателката на Федералните резерви Џенет Јелен се очекува утре во Вашингтон да ги брифира новинарите за последните одлуки за каматните стапки, како и за состојбата во која се наоѓа најголемата економија во светот. Задачата на федералните резерви е да ја насочат економијата кон стабилни цени и целосна вработеност. Иако има голем пад на стапката на невработеност од почетокот на рецесијата, Јелен изрази загриженост за бројот на луѓе кои се невработени долг временски период.

Инфлацијата е исто така причина за загриженост, во време кога цените растат помалку од два проценти годишна стапка за која федералните експерти велат дека е здрав показател за економијата.

Претставниците на Централната банка имаат голема дата на податоци да земат предвид пред да донесат одлука, вклучувајќи го и понеделничкиот извештај за забавено индустриско производство и одвоена студија за пазарот на недвижнини што е во солиден растеж.

XS
SM
MD
LG