Линкови за пристапност

Во Јамајка уапсен нарко-шефот „Дудус“


По Коук има потерница во САД за наводна трговија со кокаин и оружје

Полицијата во Јамајка уапси еден од најбараните нарко-дилери од страна на САД – Кристофер „Дудус“ Коук.

Властите велат дека Коук бил приведен во предградие на Кингстон. Според медиумските извештаи, во приведувањето посредувал локален свештеник.

По Коук има потерница во САД за наводна трговија со кокаин и оружје. Американските власти испратија испратија барање за испорачување на Коук уште минатиот август, но премиерот Брус Голдинг првично го отфрли, со облазложение дека доказите во него се добиени по нелегален пат.

Реагирајќи на последователната критика, Голдинг неодамна изјави дека Коук треба да биде уапсен и изведен пред суд на распит.

Минатиот месец, армијата и полицијата во Кингстон спроведоа операција за апсење на Коук. Тие извршија рација во квартот Тиволи гарденс, каде тој има големо влијание, но не успеаја да го уапсат и испорачаат во САД. Во судирите со силите за безбедност загинаа најмалку 73 лица.

XS
SM
MD
LG