Линкови за пристапност

Јакуп Реџепи: Заедно, за посилен глас


Интервју со Генералниот конзул на Република Македонија во Чикаго Јакуп Реџепи
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:10 0:00

Интервју со Генералниот конзул на Република Македонија во Чикаго Јакуп Реџепи

Разговор со генералниот конзул на Република Македонија во Чикаго

Јакуп Реџепи веќе три години е генерален конзул на Република Македонија во Чикаго, сојузната држава Илиноис.

Предност и` даваме на владината програма за привлекување на странски инвестиции, ја изложува својата дневна активност генералниот конзул. Вели, Чикаго по 2008-ма беше подзаборавен како важен регионален центар, но Реџепи укажува дека од 2013-та, Конзулатот реализирал два бизнис-форуми на коишто можностите за инвестирање во Македонија ги изложи самиот премиер Никола Груевски.

Лобирањето за инвестиции е перманентна задача на Конзулатот, истакнува генералниот конзул: „Најбитно е – воспоставување контакти со највисоките претставници на компаниите, се` додека не оствариме термин да не примат. Тогаш доаѓа до израз нашата способност, како да ја продадеме нашата приказна, односно реалноста во случајот, колку Македонија реформски е подготвена да ги прифати странските инвеститори“.

За бројот на иселеници во овој дел на САД дава само проценка, затоа што, тој постојано се менува: „Според нивните проценки, тие се некаде околу 40.000 во сојузните држави што покрива Генералниот конзулат. Тие се организирани по црковни општини, џамиски центри или одбори, културни друштва, хуманитарни организации“.

Конзулатот не ги двои иселениците на македонски и албански, туку сите ги смета за дијаспора од Македонија, вели долгогодишниот дипломат. Како најефикасно дијаспората да и` помогне на татковината? Реџепи одговара дека потребен е тренд на заедничко настапување пред светот.

„Треба да се окрупнуваат меѓусебе. Треба да ги задржат спецификите од регионите кои што доаѓаат, но треба да ја поддржуваат најмоќната, најголемата организација, кај Македониците - Обединета Македонска дијаспора, а кај Албанците - Националниот албанско-американски совет“, предлага генералниот конзул во Чикаго.

Реџепи заклучува - заедно имаат посилен глас и подобра конкурентност.

XS
SM
MD
LG