Линкови за пристапност

Брегот на слоновата коска на раб на геноцид


Брегот на слоновата коска на раб на геноцид
Брегот на слоновата коска на раб на геноцид

Бамба е назначен од Аласане Ватара, кој од ОН и од меѓународната заедница е признат за легитимен претседател на Брегот на слоновата коска

Кризата што настана по оспорените претседателски избори ја турка земјата на раб на геноцид, изјави новиот амбасадор на Брегот на Слоновата коска во ОН, Јусуфу Бамба, по средбата со генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, средата во Њујорк.

Бамба е назначен од Аласане Ватара, кој од ОН и од меѓународната заедница е признат за легитимен претседател на Брегот на слоновата коска.

И досегашниот претседател Лоран Гбагбо, и Ватара, тврдат дека победиле на претседателските избори што беа одржани на 28-ми ноември.

Министерот за младина Чарл Бле Гуде денес ги повика поддржувачите на Гбагбо да извршат упад во хотелот во Абиџан каде Ватара основа свој штаб под заштита на ОН.

ОН јавија дека во насилствотопо изборите загинале над 170 лица.

XS
SM
MD
LG