Линкови за пристапност

Иванов во Мировниот корпус


Иванов во Мировниот корпус
Иванов во Мировниот корпус

Иванов во Мировниот корпус Признание за волонтерска работа на организацијата во Македонија

Конструктивна получасовна средба - вака македонската абасада во Вашингтон ја окарактеризира посетата на седиштето на владината организација Мировен корпус во Вашингтон. Македонскиот претседател Ѓорге Иванов му се заблагодарил на директорот на Корпусот Арон Вилијамс за поддршката што ја добива земјата. Иванов најавил дека ќе го одликува Вилијамс со Орден за заслуги на Република Македонија.

Според извори од Амбасадата, Иванов го поканил Вилијамс да ја посети Македонија за да му биде врачен орденот. На настанот што се планира за мај ќе бидат поканети сите досегашни волонтери кои служеле во земјата.

Во соопштението на Мировниот корпус за средбата стои дека обајцата разговарале за партнерството и иницијативите меѓу волонтерите на Корупсот и граѓаните од локалните заедници во Македонија.

Во моментов во Македонија има 76 волонтери, а новите 40 треба да пристигнат во земјата во септември и ќе помагаат во развојот на невладиниот сектор.

Повеќе од 200 Американци во рамки на Корпусот служеле како волонтери од почетокот на програмата во Македонија во 1996-та.

Соработката во образованието и развојот на локалните заедници е важна за полесно разбирање на меѓукултурните разлики“, рекол Вилијамс по средбата со Иванов.

Мировниот корпус годинава слави 50-ти роденден. Беше формиран со извршна наредба на американскиот претседател Џон Кенеди во 1961-ва. Оваа агенција на федералната влада работи на промоција на мирот и партнерството во светот. Од формирањето, вкупно 200.000 лица служеле како волонтери на Мировниот корпус за подобро разбирање меѓу Американците и граѓаните од 139 држави во светот. За да станете волонтер на Корпусот, мора да сте американски државјанин и да имате најмалку - 18 години.

XS
SM
MD
LG