Линкови за пристапност

Иванов ќе се сретне со Папандреу


Иванов ќе се сретне со Папандреу
Иванов ќе се сретне со Папандреу

Средбата, на која ќе присуствува и шефот на дипломатијата Антонио Милошоски, доаѓа по иницијативата на Иванов, кој преку ОН упати барање да се сретне со Папандреу

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Њујорк се среќава со грчкиот премиер Јоргос Папандреу.

Средбата, на која ќе присуствува и шефот на дипломатијата Антонио Милошоски, доаѓа по иницијативата на Иванов, кој преку ОН упати барање да се сретне со Папандреу.

Според информациите од Кабинетот на Иванов, денес тој ќе учествува и на работниот ручек за шефови на држави што го организира генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, а вечерта ќе биде и на приемот што го организира претседателот на САД Барак Обама за гости од цел свет.

Иванов останува во Њујорк и во наредните денови, потврдуваат од Кабинетот. По консултациите со премиерот Никола Груевски, било договорено шефот на државата да го продолжи престојот и да го преземе планираното обраќање пред Генералното собрание на ОН, закажано за 27-ми септември во попладневната сесија.

XS
SM
MD
LG