Линкови за пристапност

Израелски и либански војници разменија оган


Либански безбедносен официјален претставник рече дека либански војник и еден цивил се повредени

Израелски и либански безбедносни извори велат војници од двете страни размениле оган на израелско-либанската граница.

Либански безбедносен официјален претставник рече дека либански војник и еден цивил се повредени.

Либанскиот армиски портпарол рече дека престрелката почнала кога израелски војници се обиделе да отстранат дрво од либанската страна на границата.

Мировниците на ОН во Либан ги повикаа двете страни на „максимална воздржаност“. Портпаролот на привремените сили на ОН во Либан, рече дека итен приоритет е враќање на смиреност во граничниот регион.

Мировните сили на ОН патролираат во јужен Либан да го надгледуваат примирјето меѓу Израел и милитантната група Хезболах.

Хезболах и Израел војуваа 34 дена во 2006. Во борбите загинаа 1200 луѓе во Либан, претежно цивили, и близу 160 Израелци.

XS
SM
MD
LG