Линкови за пристапност

Израелската армија уби четворица Палестинци во нуркачки одела


Израелската армија тврди дека има информации дека лицата се обиделе да извршат терористички напад врз Израел

Израелската армија уби четворица палестински милитанти во нуркачки одела во близина на брегот на Газа.

Болница во Газа соопшти дека биле пронајдени четири тела, со тоа потврдувајќи ја претходно објавената информација на милитантната група Хамас. Најмалку едно лице се` уште се води за исчезнато.

Израелската армија тврди дека има информации дека лицата се обиделе да извршат терористички напад врз Израел, на само неколку километри северно од Газа.

Палестинските извори велат дека убиените биле членови на Маченичките бригади на Ал-Акса, екстремистичка групација што поттекнува од фракцијата Фатах на претседателот Махмуд Абас. Командант на групацијата за Гласот на Америка изјави дека лицата не биле во акција, туку само изведувале вежби.

Инцидентот доаѓа само една недела откако израелски командоси убија девет пропалестински активисти при пресретнувањето на турски брод на пат за Појасот Газа. Бродот беше дел од конвој што се обиде да ја прекрши израелската блокада и да директно да достави помош за областа под управа на Хамас.

XS
SM
MD
LG