Американскиот посредник за Блискиот Исток Џорџ Мичел вели дека израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абаз не ги оставаат тешките прашања за крај на разговорите. Тој коментираше по крајот на вториот ден од мировните преговори на кои учествува и американската државна секретарка Хилари Клинтон.
Мичел рече дека тие веднаш се зафатиле со тешките проблеми и прават напредок во врска со прашањето на еврејските населби. Тој најави и дека Нетанјаху и Абаз се согласиле преговарачите да продолжат со разговорите наредната недела за да подготват терен за наредната рунда директни преговори.
Секретарката Клинтон претходно истакна дека израелските и палестинските лидери „преминуваат на главното“ и ги разгледуваат клучните прашања поради кои постои спорот на Блискиот Исток.