Линкови за пристапност

Израел и Палестинците ќе ги обноват директните преговори


Израел и Палестинците ќе ги обноват директните преговори
Израел и Палестинците ќе ги обноват директните преговори

Милитантната палестинската фракција Хамас, под чија контрола е појасот Газа, нема да учествува и ги отфрли претстојните разговори

Израелските и палестинските лидери го поздравија продолжувањето на директните мировни разговори во Вашингтон, на почетокот од септември.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон јави дека процесот ќе почне во Белата куќа со средба со лидерите од двете страни.

Милитантната палестинската фракција Хамас, под чија контрола е појасот Газа, нема да учествува и ги отфрли претстојните разговори.

Египетскиот претседател Хосни Мубарак, јорданскиот крал Абдулах, како и поранешниот британски премиер Тони Блер, кој ќе го претставува „Квартетот“ – САД, Русија, ОН и ЕУ.

Клинтон се очекува да се сретне со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху и палестинскиот лидер Махмуд Абас на почетокот од преговорите. Таа рече дека разговорите треба да завршат за една година и имаат цел создавање независна палестинска држава, до Израел.

Ова се први директни преговори меѓу двете страни од крајот на 2008-ма.

XS
SM
MD
LG