Ирачкиот премиер Хаидер ал-Абади вели дека градот Рамади ќе биде преземен од милитантите на Исламската држава наредниве денови, а не недели, јави ББЦ во понеделникот.
Во интервју за британската куќа ирачкиот лидер призна дека бунтовничката група ги прегазила армиските сили и ги натерала во бегство, што за американскиот секретар за одбрана Аштон Картер во неделата беше повод да го постави прашањето на, како што рече, волјата на Ирак да ја порази Исламската држава.
Но ал-Абади изрази увереност во способноста на неговата држава да го врати ударот на најновата фронтална линија.
„Ќе биде во рок од неколку дена, ве уверувам во тоа. ИД ја доби оваа битка, но тоа не значи дека тие победуваат, кажа тој во интервјуто.
Тој исто така зборуваше и за безбедносните грижи во главниот град, каде новинари на Алхура за Гласот на Америка изјавија дека безбедносните сили на високо ниво на готовност по напредувањето на милитантите на само 120 км од запад.
Високи американски претставници во неделата го поставија прашањето за волјата на ирачките сили во тековната битка против милитанти на Исламската држава, што донесе силен одговор од Багдад и свежа критика во Вашингтон за стратегијата на претседателот Барак Обама за поразување на групата.
Кусо време по емитувањето на интервјуата, раководителот на комисијата за одбрана во Парламентот за асошиејтед прес кажа дека коментарите на Картер се неосновани и дека САД се обидуваат вината да ја префрлат на Ирак за неуспехот на Вашингтон да обезбеди подобра опрема на ирачките сили.
Инаку, курдски команданти соопштија дека екстремистите на Исламската држава го зазеле Рамади пред една недела затоа што елитните ирачки војници, обучени од САД, ги напуштиле позициите 48 часа пред последниот џихадистички напад врз западниот ирачки град. Напуштањето на позициите ги изложило на зголемена опасност останатите ирачки војници.
Картер за ЦНН изјави: „Тоа што се случува со ирачките сили покажува дека немаат волја да војуваат. По бројност тие беа над непријателот. За мене ова значи дека имаме проблем со волјата на Ирачаните да се борат против ИСИЛ“.